нормализира (св. и несв.)
Мисијата на нашата театарско-писателска делегација се очекуваше да успее, макар што патувањата од овој вид беа ставани под лупа, пред сѐ поради отпорната граница – ѕид помеѓу двете соседни земји и тешкото покревање на силите што требаше искрено да ги нормализираат односите помеѓу двете земји.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа имаше температура и тој сметаше дека, ако лежи, температурата ќе ѝ се нормализира.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И, сѐ се нормализира во секунда.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)